„Адидас“ вети 30 отсто од нововработените во САД да бидат црнци и Латиноамериканци
Производителот на спортска опрема „Адидас“ соопшти синоќа дека 30 проценти од сите нови вработувања во САД ќе бидат црнци или Латиноамериканци, во момент на протести против расизам, што ја потресоа државата речиси две недели.
„Настаните во изминатите две недели предизвикаа сите да размислиме за тоа што можеме да сториме за да се спротивставиме на културните и системските сили кои го одржуваат расизмот“, наведе извршниот директор на „Адидас“, Каспер Рорстест во соопштението.
Спортскиот гигант ја објави новата мерка, меѓу неколку други, истиот ден кога беше и погребот на Џорџ Флојд, црнец убиен при приведување од американската полиција од белец полицаец. Вработените во „Адидас“ неодамна ја критикуваа компанијата дека не сторила доволно за борба против расната дискриминација.
Германската групација, исто така, објави дека во текот на следните четири години, ќе зголеми на 20 милиони американски долари финансирањето за своите програми што ги поддржуваат Афроамериканците – програма за кошарка за недоволно развиени заедници, финансирање за училиште за дизајн на „Адидас“ и програма за поддршка на црна заедница преку спорт.
Адидас исто така вети дека ќе обезбеди 50 стипендии за своите црни вработени секоја година за следните пет години.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп