Спорт плус
25. January 2016 - 10:04

Адидас „раскинува“ со ИААФ

Адидас, најголемиот спонзор на Меѓународната атетска федерација (IAAF), четири години пред истекот на договорот, решил да ја раскине соработката со оваа организација. Гигантот во производство на спортска опрема, според сознанијата на британскиот сервис BBC, одлуката ја донел поради допинг скандалот кој ја тресе IAAF.
 
Повлекувањето на Адидас финансиски ќе го ослебне владејачкото тело на светската атлетика, бидејќи компанијата годишно издвојува неколку десетици милиони евра, а сигурно ќе биде и голем удар за првиот човек Себастијан Коу.
 
Инаку, информациите кои ги има BBC, не ги коментираат ниту од Адидас, ниту од IAAF.
 
Наводоно, компанијата уште во ноември минатата година ја известила организацијата дека сака да го раскине договорот, најмногу поради скандалот со допинг во руската атлетика, кој според информациите бил спонзориран од страна на државата.
 
Извештајот за допингот на руските атлетичари го состави независна комисија која ја одреди Светската анти-допинг агенција.
 
Нешто подоцна е објавен и извештај со кој за корупција се обвинува поранешниот претседател на IAAF, Ламин Дијак.
 
Според информациите, Адидас смета дека обвинувањата за допинг го кршат договорот кои тие го имаат со IAAF, а кој е потпишан во 2008 година на 11 години. Во време на потпишувањето договорот ‘тежел’ 33 милиони долари, меѓутоа BBC објави дека организацијата од Адидас добива пари и производи во вредност од осум милиони долари годишно.