Македонија
16. November 2019 - 15:27

Адеми: Северна Македонија се враќа на меѓународната сцена, со зајакнато учество и активности во меѓународните тела

Северна Македонија се враќа на меѓународната сцена, со зајакнато учество и активности во меѓународните тела, вклучувајќи го и УНЕСКО. Од 2017 година земјата се стреми да има активна улога во севкупните процеси во Огранизацијата, како дел од нашата насоченост кон функционална мултилатерална соработка, истакна министерот задолжен за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адемин на обраќањето на 40. Генерална конференција на УНЕСКО.

Од владината прес-служба соопштија дека во својот говор, Адеми уште еднаш ја потврдил посветеноста на нашата земја кон вредностите и одлучувачката универзална улога на УНЕСКО во културата, образованието, науката и комуникациите.

– Ја зајакнуваме нашата вклученост, во многу од овие области, како алатка за постигнување мир и одржлив развој, истакна тој.