Македонија
19. September 2018 - 13:41

Адеми присуствуваше на манифестацијата „Турска поетска вечер Јахја Кемал Бејатли“

Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на меѓународната манифестација „Турска поетска вечер Јахја Кемал Бејатли“, која, во организација на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), се одржа во Сули ан, во Старата скопска чаршија. 
 
На настанот, чија цел беше промоција на поезијата од реномирани турски автори, беа претставени книжевни поетски дела на голем број автори кои оставиле белег врз промоцијата на турската книжевност во земјите од кои доаѓаат, но и во меѓународни рамки.
 
На манифестацијата се претставија поети од осум земји, и тоа од: Турција, Азербејџан, Молдавија, Ирак, Грција, Бугарија, Косово и Македонија.
 
На отворањето на манифестацијата се обрати и Мехмет Доган, почесен претседател на Сојузот на писателите на Турција, кој се осврна на темата „Како треба да се прочита идентитетот на Јахја Кемал Бејатли кај балканските Турци“.
 
Манифестацијата „Турска поетска вечер Јахја Кемал Бејатли“ се реализира со поддршка од Министерството за култура и е во рамките на активностите за соработка меѓу Министерството и МАТУСИТЕБ.