Македонија
20. January 2021 - 10:40

Адеми: Нема да го признаам резултатот од пописот ако Албанците се под 20 отсто

Доколку на пописот излезе дека Албанците се помалку од 20 отсто, тогаш немад а ги признаам резултатите, рече пратеникот од редовите на ДУИ, Арбр Адеми, во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Адеми, како поранешен министер за образование и наука, изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18 година.

– Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 година е 121.272 Македонци, односно 64.22 отсто, а 60.709 Албанци, односно 32.15 отсто – рече Адеми.