Македонија
9. July 2019 - 12:16

Адеми: Надлежните институции нека утврдат дали некој треба да сноси одговорност

Министерот за образование не е заинтересиран за шминка туку за суштинска реформа

Вака денеска одговори на прашањата поврзани со објавеното писмо од просветен инспектор кој обвинува дека министерот, како и други функционери му се заканувале да не објавува извештаи од инспекциски надзор кој го извршил во Тетовскиот Универзитет. Адеми не сака да коментира вакви изјави и ги повика институциите доследно да ги применат законите. 

„Не би се впуштил во коментирање на ваквите изјави, јас од прв ден сум изјавил дека ги охрабрувам инстититуциите на доследна примена на законите. “

На прашањето дали некој ќе понесе одговорност Адеми вели – „Јас ги охрабрувам институциите да ги применат сите законски прописи, ако се утврди одговорност дека некој треба да има одоговорност, нека понесе. Но дали во минатото, треба да направите анализи, вие сте новинари и ве почитувам до небо, но треба да направите анализи како постапувале порано во вакви случаеви. Кој е просекот по второстепена комисија , во судските процеси , кога членови од академската заедница биле под наводници прогонувани од страна на одредени инспектори и како завршиле тие постапки . Не е првпат ваква постапка, можеби првпат е вака презентирана пред јавност. Затоа велам доследна примена на законските прописи. Јас сум Арбер Адеми министер за образование и наука и јас работам по мојата агенда вклучувајќи го и денешниот настан. “

 Коментирајќи ги реформите во образованието и оставката на заменик министерот за образование Петар Атанасов, министерот Адеми вели дека од почеток се залага за реформи но базирани на анализи. 

„За прв пат е спроведена од ОЕЦД сме ги разгледале сите препораки. И веќе имаме два нацрт закони каде се инкорпорирани сите препораки на ОЕЦД и УНИЦЕФ извештајот, но е и во линија со тоа што е предвидено со тоа што е предвидено од стратегијата за развој на образованието од 2018 до 2015. Не ретко велам, во образованието се креирани политики базирани на перцепција. Не сум заинтересиран за шминка реформа, туку за суштинска реформа. “

Министерот го презентираше проектот за афирмација на средното стручно образование во организација на Европската фондација за обука ЕТФ и Делегација на ЕУ. Со овј проект предвидено е отворање на три регионални центри за квалификација и доквалификација со што ќе се унапреди квалитетот на образование во средните стручни училишта.

 

Мирјана Давидовска