Фудбал
27. October 2015 - 13:51

Адеми ќе чека на УЕФА до 16.ноември

Дисциплинската комисија на УЕФА го одложи соопштувањето на казната за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој падна на допинг тестот по натпреварот на Динамо Загреб против Арсенал во 1.коло од Лигата на шампионите.
 
Адеми на двата теста беше позитивен и се соочува со суспензија до четири години.
 
- УЕФА се реши да ја пролонгира одлуката за допинг-случајот на Аријан Адеми за три недели и дисциплинската комисија на УЕФА ќе ја соопшти истата на 16 ноември, стои во информација на клупската веб страна на Динамо.
Македонскиот репрезентативец во меѓувреме доби поддршка како од клубот, така и од репрезентативните колеги.