Фудбал
20. November 2015 - 22:11

Адеми казнет четири година од УЕФА

Дисциплинската комисија на УЕФА денеска ја донесе највисоката можна казна за играчот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец Аријан Адеми. Тој надвор од фудбалските терени ќе биде четири години поради позитивниот допинг тест.
 
-  Тешко ми е со зборови да се опише како се чувствувам. Не сум виновен, не знам што да кажам. Ништо неправилно не сум направил, а добив висока казна. Се чувствувам ужасно, изјавил Адеми за хрватските медиуми.
 
Адеми беше позитивен на допинг тестот по натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Динамо Загреб и Арсенал, а потоа и „Б“ примерокот беше, исто така, позитивен.