Македонија
12. August 2018 - 16:09

Адеми бара поддршка од ислениците за договорот, тие сакаат подобар живот дома

Македонските иселеници во дијаспората ќе можат да гласаат на претстојниот референдум, закажан за 30-ти септември. Тие своето право на глас ќе можат да го остварат во дипломатските конзуларни претставништва, а рокот за пријавување по електронски пат е од 9-ти до 23 –ти август. Министерот Едмонд Адеми, денеска од Македонска Каменица ги повика масовно да излезат на гласање.

- Кога ќе започне кампањата, во план е посета и средби со нив, надвор, во дијаспората, каде ќе го објасниме договорот помеѓу Р. Македонија и Р. Грција и зашто тој договор е важен за перспективата на нашата држава.

Според статистиката на Светска банка, од Македонија во изминативе две децении во западное еврпопските и преку океанските земји се иселени 460 000 граѓани, кои на изминатите изборни циклуси не пројавија поголем интерес за гласање. Тие генерално сметаат дека Македонија е без перспектива, посебно за младите луѓе.

- Се додека е ова вака и Господ да се симне, нема да се подобри работата. Со 200 евра плата кој може да опстане, никој.

- Работа нема, пари нема, нервози има и здравјето си оди.

- Да се отворат барем 2-3 фабрики за да остане младината, ама не е само тоа, треба да бидат и платени за да останат.

За разлика од иселениците, локалната самоуправа и претставниците на националната власт се оптимисти и веруваат дека во следниот период ќе има заинтересирани инвеститори, токму од редовите на македонската дијаспора. Тие имаат 10 % бонус на редовните субвенции за вложување во државата, а се отвори и канцеларија за скратување на бирократските процедури.

- Од овде ќе бидат испочитувани нивните идеи и заложби за инвестирање во М. Каменица.

Иселениците од Пијанец и годинава се сретнаа во манастирскиот комплекс „Еленец“ кај селото Цера, на денот на македонската дијаспора.