Џет-Сет
13. March 2017 - 10:44

Адел го прекина концертот во Сиднеј откако една жена колабираше

Британската дива Адел го прекина накусо својот концерт во Сиднеј, откако една обожавателка падна во несвест, по што беше префрлена во болница, од каде потоа соопштија дека станува збор за срцев удар.

Немилиот настан се случил за време пред изведбата на „Rolling In The Deep".

- Се извинувам, може ли да прекинеме? Овде на некого не му е добро и загрижена сум оти на оваа песна ќе има и огномет, а јас не би сакала да ја преплашам, рече Адел снимена на видео коешто стана хит на интернет.

На вториот концерт во истиот град, Адел и посака на својата обожавателка брзо опоравување и и ја посвети песната „Take It All".