Џет-Сет
30. March 2018 - 21:11

Адам Сендлер и Џенифер Анистон повторно заедно во филм

Холивудските актери Адам Сендлер и Џенифер Анистон, по романтичната комедија „Just Go With It”, повторно ќе глумат заедно, овојпат во филм на Нетфликс.

Новиот проект, што се уште е во претпродукција, е насловен „Murder Mystery”, а приказната е за њујоршки полицаец кој заедно со неговата сопруга стануваат главни осомничени за убиството на милијардер. Сценариото е на Џејмс Вандербилт, а режијата на Кајл Њуачек.

Филмот претставува шести Нетфликс проект за Сендлер, а прв за Анистон.