Бизнис
7. December 2022 - 11:38

АД ЕСМ во октомври заштедила 30 проценти струја споредено со истиот месец лани

 АД ЕСМ во октомври потрошило 30 проценти помалку електрична енергија во текот на своето работење споредено со октомври минатата година.

Во октомври 2022 година потрошени се 132.227 kWh електрична енергија, додека во истиот месец во 2021 година биле потрошени 188.422 kWh.

– Дирекцијата на АД ЕСМ и сите подружници односно производни капацитети низ целата држава се придржуваа до одлуката за штедење на електрична енергија донесена од Управниот одбор, во која беше наведена листа со мерки за штедење задолжителни за секој вработен при вршење на неговите задачи на работниото место, се наведува во соопштението од АД ЕСМ.

Наведената заштеда на енергија, посочуваат, е постигната со придржување до повеќе мерки, со кои биле запознати сите вработени преку службен е-меил и со истакнување во работните простории со конкретни насоки за постапување.

– Сите електрични уреди за ладење кои вработените ги имаат доставено по своите канцеларии да бидат изнесени од истите, грејните тела (панели,греалки итн) кои се користат во текот на грејната сезона, сите да се повлечат во подрумскиот дел на зградата, а да се користат само фенкојлерите за греење (редовно греење), климата-чилерите да се исклучуваат по завршеток на работното време, во работните простории и ходниците осветлувањето да се намали на 50 проценти (од 12 неонки да работат 6 и сл.), да се изврши набавка на ЛЕД сијалици и неонки (постоечките да се заменат со ЛЕД), диспанзерите за вода по спратовите на крај на работното време да се исклучуваат, бојлерчињата за топла вода кадешто ги има да се намалат, односно да работат со половина капацитет, вработените кои користат електрични тротинети за до работа и назад истите да ги оставаат во холот-приземје, да не се внесуваат по канцеларии за нивно полнење, во зградата на Дирекција од 1 декември 2022г да се исклучи едниот од двата лифта, соопштија од АД Електрани на Северна Македонија.