Џет-Сет
3. September 2017 - 18:03

Аца Лукас во полиција: Пејачот сослушан, одреден му е и притвор

Пејачот Аца Лукас кој е осомничен дека синоќа ја претепал својата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ, денеска е сослушан.

Имено, по инцидентот кој го направил, пејачот отпатувал за Цирих каде имал закажан настап. По враќањето во Белград, пејачот самоволно отишол во полициската станица Нов Белград каде е сослушан.

По тоа му е одреден притвор од 48 часа.

Во пријавата која Соња синоќа ја поднела, се наведува дека и удрил 2 шамари и дека ја шутнал.

Да потсетуме, Соња Лукас го пријави затоа што и упаднал во куќата и почнал да крши работи, а потоа почнал да ја тепа. Од силните удари на Соња и се слошило и завршила во болница.

Откако ја претепал, Лукас побегнал на аеродром. Ова не е првпат меѓу нив да има големи проблеми. Оваа двојка и во бракот имаше жестоки расправии, па така фолкерот и се дерел на Соња и растурал по што Соња излегувала од куќата додека Аца не се смирел.