Аца Лукас влетал со нож кај поранешната сопруга па ја претепал - Соња во болница
Српските медиуми денеска пишуваат дека Аца Лукас ја претепал поранешната сопруга, а таа завршила во болница.
Како што пренесе српскиот Курир, фолкерот кој неодамна стави точка на бракот, попладнево во 17 часот и 30 минути влегол во куќата на поранешната сопруга и брутално ја претепал.
- Сите сме во шок, се одеше добро, не знаеме што го навело да го направи ова. Се беше во ред кога се слушнаа утринава, потоа дошол, настанала расправија, па ја претепал. Изгубил контрола и тргнал со нож по неа. Соња заврши во болница, а тој избега во Швајцарија, вели извор.
Ова за српскиот Курир го потврдил и извор од полицијата:
- Соња пријави дека поранешниот сопруг и упаднал дома, почнал да и крши се, па ја претепал, вели изворот.
Лукас вечерва има настап во Цирих па изгледа успеал да ја напушти земјата.
Ниту Соња, ниту Лукас се немаат огласено по овие тврдења.
Ново на Сител
-
Пратениците расправаа за измените за предлог-законите за служба во АРМ и за данокот на добивка
-
Меси уште две години во Барселона
-
Симевски не е повеќе селектор на ракометарките
-
Филипче: Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува
-
Со калашников си ја потпрел хаубата на Аудито во Тетово | ФОТО
-
Гостиварец присилно ја омажил 19 годишната ќерка во Шутка каде била силувана
-
Германија сака да купи 30 милиони дози од „Спутник В“
-
Османи утре во официјална посета на Косово