Џет-Сет
8. November 2015 - 14:01

Аца Лукас: Плачев по цел ден и цела ноќ

Повеќе не сум непослушен, се смирив. Еве, лекарите се за тоа да не одам на операција и јас послушав. Иако многу страдав, вели популарниот пејач.

-’Рбетот е како-така. Малку е подобро, бидејќи пред неколку недели не можев да се помрднам и плачев по цел ден и цела ноќ. Ништо не можеше да ми помогне. Сега одам на акупунктура, повеќе се движам и тоа би требало да ми помогне, додава Лукас.

Дека има некаков проблем забележала и публиката на неговиот последен концерт во Белград, бидејќи тој на сцената бил малку бавен и не играл како што бил навикнат.