Македонија
27. July 2020 - 16:38

Аца Лукас не може да пее во Србија, но може во Охрид и тоа во услови на раст на новозаразени од Ковид-19

Српската турбо фолк ѕвезда Аца Лукас на 1 август ќе има концерт во Охрид .И додека во Србија поради корона вирусот беше откажан со образложение дека причината е ограничувањата поради вирусот, и како здравјето на публиката е приоритет,пејачот на својата официјална страна најави дека ќе настапи заедно со Сандра Африка, на стадионот Горица, со почеток од 20 часот. Други детали за настанот, околу тоа во чија организација е и колку луѓе евентуално би присуствувале нема објавено.Инаку во време на пандемија главниот туристички центар е преполн со домашни туристи .Турстичките работници апелираат на почитување на мерките но сепак одговорноста сметат дека треба да ја има секој еден посетител.

Туристичките работници велат дека деновиве во градот се бара место повеќе во сместувачките капацитети.

По највените концерти  на Аца Лукас и  пејачот Дарко Лазиќ, кој на 31-ви јули, исто така ќе настапи  на стадионот Горица во Охрид на социјаните мрежи врие од коментари а реагираа  и дел од нашите музичари кои поради пандемијата останаа без бројните настапи во угостителските објекти.