Џет-Сет
5. September 2017 - 12:06

Аца Лукас: Ако Соња пред камери докаже дека еднаш сум ја допрел, одам на доживотна робија!

За време на гостувањето во утринската програма на ТВ Пинк Аца Лукас изјавил дека не ја допрел Соња Вуксановиќ, како и тоа дека не е насилник и човек што ги мрази жените.

Лукас изјавил дека има две солуции - да иде во притвор на 30 дена и да се обиде да ја докаже својата невиност, или да ја признае вината и да избегне притвор.

- Ја признав вината иако не сум ја допрел. Не сум ја гурнал ниту удрил. Никогаш не сум кренал рака на нејзе ниту на било која друга жена, нема ни да го направам тоа! Замислете да отидев во притвор, медиумите жив ќе ме распнат - рекол Лукас и додал дека Соња му го наместила овој скандал.

- Не знам, дали се уплаши од поделбата на имотот... Не сме судски разведени, а јас и ја препишав куќата која јас ја купив. Па нема жената и децата да ги оставам на улица. Пред неколку недели случајно прочитав порака од нејзината адвокатка, и се колнам дека пишуваше "Единствена шанса ти е да го предизвикаш да те удри, па да го тужиш за семејно насилство" - тврди Аца и напоменува дека никогаш во животот не ја удрил Соња.

- Нека се појави било која жена со која сум бил и нека докаже дека сум ја удрил, спремен сум да одам 100 години во затвор. Ако Соња дојде во вашата емисија и јавно пред камерите докаже дека сум ја допрел еднаш, одам на доживотна робија. Па после може да ве однесе во куќата која јас ја купив, и да покаже каков насилник сум јас бидејќи јас и ги купив сите тие ташни и милион бунди - порачал пејачот.

На прашање на водителот, каква повреда имала Соња, Аца одговорил:

- Како што ми рече судијата, во записникот пишува дека таа имала модринка на потколеното и нагмечување на главата, кое стварно не знам како е можно да настане.

Погледнете што се Аца Лукас кажал за Соња Вуксановиќ: