Македонија
29. September 2015 - 14:44

Абдулахи: Норвешка континуирана поддршка за интеграциијата во ЕУ и НАТО

Република Македонија и Кралството Норвешка имаат пријателски односи, а имплулс во нивното унапредување беше отворањето на македонската Амбасада во Осло во 2010 година. Норвешката поддршка за евроатланстките интеграции е континуирана, и годишно проектната соработка наменета за реформскиот процес во земјава изнесува четири милиони евра, рече во отчетното обраќање пред собраниската Комисија за надворешна политика Енвер Абдулахи за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Кралството Норвешка. 

Тоа што Норвешката амбасада во Скопје беше затворена  во 2012 година, вели, добил уверување од норвешките официјални власти дека е резултат на преструктуирањето во норвешкото МНР и дека нема да се одрази на односите меѓу двете земји.

- Веднаш откако ги предадов акредитивите во еден прес-рилис прочитав дека ќе се затвора нивното ДКП во Скопје и веднаш почнавме да лобираме во нивниот Парламент. Реализирав средби со координаторите од сите политички партии и сите ми го потврдија истото дека тоа е сепак поради финансиски причини, односно дека иако Кралството Норвешка по сите параметри е најбогата земја во светот, сепак, нивното Министерство функционира со одреден буџет и врз осноа на тоа преструктурирање е затворено нивното ДКП во Скопје. Од владеачката партија ни потврдија дека е и добро што се затвора оти целата проектна поддршка се дава за евроинтегративните процеси, вели Абдулахи.   

Според него, во моментов жешка политичка дебата во оваа земја која е меѓу најбогатите во светот, е прашањето на бегалците. Заради својата политика по ова прашање, односно јавната дебата за сместување на мигрантите, владеачката екстремно-десничарска Прогрес партија загуби на локалните избори, а конзервативната партија, додава, ја загуби поддршката во најголемите градови во Норвешка.

- Во Норвешка функционира линкот со локалната самоуправа, а локланата валст е таа која се справува со тој феномен. Лабуристичката партија, како опозициска партија предложи некаде околу 10.000 бегалци, потоа престоеше јавна дебата за Норвешка потоа да прими некаде околу 800 бегалци, нагласува Абдулахи.

Членовите на Комисијата за надворешна политика, кои го оценија ангажманот на амбасадорот Абдулахи како успешен, покажаа интерес и за материјално-техничките можности на Амбасадата.

Според Абдулахи, материјални средства со кои морал да раководи со амбасадата во Осло од 2010-2014 година биле повеќе од скромни. Се пожали дека еден период работел сам во Амбасадата и укажа дека за квалитетна дипломатија се потребни подобри услови.