Абдеслам планирал буквално идентичен терористички напад во Брисел каков што изведе во Париз
Две групи биле подготвени и требало да изведат симултани терористички бомби со саморазнесување и пукање со калашникови во Брисел, буквално идентично како и при нападите на 13 ноември минатата година во Париз, кога 137 недолжни цивили ги загубија животите.
Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, предмалку го пренесе белгиската телевизија „ВРТ“, а ја потврди и националниот сервис „РТБФ“, според кој Салах Абдеслам, уапсен минатата недела, требал да ја предводи едната група што паралелно со бомбашите-самоубици на бриселскито аеродром и во метро-станицата, ќе вршеле масакри пукајќи од пушки по обични луѓе на улиците на Брисел.
Абдеслам, заедно со Мохамед Белкаид, Амин Чукри и трето непознато лице имале идентичен план за симултани терористички напади по улиците на бриселската и европска престолнина како што беше случај со оние во Париз минатата година, каде директно учествуваше самиот Салах Абдеслам. Сепак, овој план кој оваа исламистичко-
Според телевизиите „ВРТ“ и „РТБФ“, истрагата миа силен доказ дека ваков план бил целосно разработен и акцијата со апсењето на Абдеслам превенирала далеку покрваво сценарио од завчерашното во кое загинаа 31 лице, а 300 беа повредени.
Ново на Сител
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот