Џет-Сет
28. October 2016 - 11:04

„АББА“ влегува во светот на виртуелната технологија

Речиси 35 години по нивниот последен јавен настап, членовите на групата „АББА“ се подготвуваат на нивните обожаватели да им приредат ново, дигитално искуство. 

Светски познатиот преприемач Сејмон Фулер, членовите на групата „АББА“ и „Унивезрал мјузик груп“ склучија партнерство за потфатот кој ќе ја користи најновата дигитална и виртуелна технологија. 

Целта е да се создаде оргинална забава со шведските ѕвезди, која ќе и овозможи на новата генерација на фанови да ја видат, слушнат и почувствуваат групата „АББА“ на претходно незамислив начин, пренесува музичкиот портал „Мјузик њуз“. 

Сејмон Фулер во текот на последните три децении е во самиот врв на случувањата кога станува збор за социјалните и техничките промени. 

Соработката со четиричлената група „АББА“ која е формирана во Стокхолм во 1972 година и која и денес останува меѓу легендарните состави, означува клучен момент во целост да се дознаат можностите на виртуелната реалност, што целосно може да ја трансформира популарната забава. 

Фулер, основачот и директор на „Ксикс Ентертејмант“ истакнува дека креативноста и идеите кои ги имаат членовите на „АББА“ во изминатите неколку месеци го израдувале и возбудиле: „Ние го истражуваме новиот технички свет, со помош на виртуелната реалност и вештачката интелигенција кои се во прв план и кои ќе ни овозможат да креираме нови облици на забава и содржини кои претходно не можевме да ги замислиме“. 

Останатите детали за соработката ќе бидат објавени во 2017 година.