-->
-->
Абазовиќ: Предвремени избори во Црна Гора што поскоро, но согласно правниот поредок
-->
Премиерот на Црна Гора, во технички мандат, Дритан Абазовиќ вчера изјави дека се согласува со ставовите дека предвремените избори треба да се одржат што е можно поскоро, но смета дека тоа треба да се случи низ „правна процедура“ и дека „правилен начин“ е да се скрати мандатот на Парламентот на Црна Гора.
Абазовиќ во интервју за Глас Америка оценува дека Указот на претседателот Мило Ѓукановиќ за распуштање на Собранието и закажување избори за 11 јуни не е во согласност со таа процедура, бидејќи тој мора да го донесе указот врз основа на некои претходни одлуки.
– Тие одлуки треба да следат по одлуките на парламентот, односно на парламентарното мнозинство. Во спротивно, тој указ можеше да го донесе во август минатата година, или кој било ден минатата или оваа година, а не три дена пред првиот круг на претседателски избори, кога се проверува и неговата работа имајќи предвид дека тој е еден од кандидатите, рече Абазовиќ, кој е во посета на САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Втора МФЛ: Беса го доби дербито со Кожуф, убедливи победи на Тетекс и Пелистер
-
Женскиот суперкуп за Баскет Кам
-
Teма на денот со Лука Павиќевиќ, студент на Харвард
-
11 месечно бебе во градинка скршило клучна коска- Семејството бара одговорност
-
Ќе има ли енормно високи сметки за парно поради неажурната санација на ЕСМ и Градот?
-
Османи ги повика Македонците во Албанија слободно да се попишат
-
Пендаровски смета дека Груевски нема да се врати поради измените во КЗ
-
Мицкоски бара одговори за тајно УСБ и тајни документи поврзани со Груевски