Свет
5. September 2016 - 19:18

Абас подготвен на преговори со изралескиот премиер Нетанјаху во Москва

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се согласил да ги предводи директните преговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Русија, информираа британските медиуми, цитирајќи ја палестинската амбасада во Москва.

Претходно денеска канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека премиерот размислува да му предложи на рускиот претседател Владимир Путин да организира израелско-палестински преговори во Москва.

Последните израелско-палестински мировни преговори завршија со неуспех во 2014 година.