Кошарка
17. December 2016 - 13:55

АБА: Шампионот Црвена Звезда гостува кај МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром попладнево го пречекува шампионот на ова натпреварување и евролигаш Црвена Звезда. Ова е дуел од 14.коло од АБА лигата, а на првиот натпревар на овие два тима Црвена Звезда во рамките на 1.коло во Белград победи со 91:69.
МЗТ Скопје и на овој дуел ќе настапи без Ксавиер Темс, кој се нема вратено од САД.  Црвена Звезда е единствениот тим без пораз во досегашниот дел од шампионатот. Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ почеток 17 часот.
Утре свој настап ќе има и вториот македонски претставник Карпош Соколи е домаќин на Крка, а почетокот на дуелот е во 12 часот и се игра во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“.
На првиот дуел од оваа рунда одигра вчера: ФМП – Задар 94:77.
Во ова коло утре играат уште: Партизан – Морнар, Олимпија – Мега, Будуќност – Цедевита и Цибона – Мега.
Табела: Црвена Звезда 13-0 (победи-порази), Партизан 10-3, Будуќност 10-3, Цедевита 9-4, Цибона 9-4, Игокеа 7-6, Задар 5-9, Олимпија 5-8, ФМП 4-10, Крка 5-8, Морна 4-9, Мега 4-9, МЗТ Скопје 4-9, Карпош Соколи 3-10.