Кошарка
20. March 2016 - 9:40

АБА: Сензационално финале за Мега Лекс

Во драматичен меч кошаркарите на Мега Лекс и по вторпат славеа против Будучност во полуфиналето од АБА лигата со 76-75 и го обезбедија своето прво финале во ова натпреварување откако и на првиот меч во Подгорица го совладаа најдобриот тим по првата фаза со 81-85. 

Кабаро со 17 поени беше лидер на победата за тимот од Сремска Митровица кој во финалето ќе игра со подобриот од мечот Цедевита-Црвена Звезда на кој белградскиот тим има водство од 1-0. Реваншот се игра во вторник во Загреб.