Кошарка
30. October 2016 - 22:12

АБА: Нов пораз за МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа нов пораз во рамките на АБА лигата. На гостувањето кај Мега, македонскиот шампион загуби со 87:72 (27:22; 15:16; 23:19 и 22:15).

Ова за екипата на Мега е втора победа.
МЗТ Скопје на овој дуел настапи ослабен бидејќи поради повреди неколку играчи не можеа да бидат на располагање на тренерот Александар Јончевски.
На вториот дуел од 7.коло одигран денеска Игокеа - Цедевита 69:84.
Колото ќе биде комплетирано со двата натпревара што се играат утре: Морнар - Црвена Звезда (почеток 18 часот) и Карпош Соколи - Олимпија (21 часот).