Кошарка
9. October 2017 - 20:08

АБА: МЗТ загуби од Задар

Кошаркарите на МЗТ Скопје  го доживеаја и 2. пораз во АБА лигата откако пред својата публика загубија од Задар со  80:85 (15-18; 24-21; 24-22; 17-24) во меч во кој се играше резултатски доста рамноправно а гостите од Хрватска сепак на крајот се израдуваа на победата. 

фото: Спортмедиа.мк

Се се реши во последната минута кога Задар со серија од 7-0 го изненади МЗТ Скопје. 
Гостите во своите редови го имаа расположениот Американец Кноулс кој постигна 26 поени и го предводеше својот тим до победа.