Кошарка
3. October 2017 - 20:23

АБА: МЗТ Скопје загуби од ФМП

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром претрпе пораз на гостувањето кај ФМП во првиот натпревар од 2.коло од АБА лигата. ФМП славеше триумф со 100:72 (25:26; 26:18; 19:17 и 30:11).
По водството на МЗТ Скопје на крајот на првиот период на полувреме ФМП го презеде водството - 51:44.
Во вториот дел „металците“ постигнаа само 28 поени, а последната четвртина им припадна на домашните кошаркари кои само ја зголемуваа предноста.
Најефикасен на дуелот беше Александар Бурсаќ од ФМП со 17 поени, додека кај МЗТ Скопје најпрецизен беше Ерик Гарсија со 16 поени. Најдобар играч на дуелот беше Немања Ненадиќ со индекс на поени - 20.
МЗТ Скопје Аеродром по две одиграни кола има една победа и еден пораз, а по денешниот триумф истиот скор го има и ФМП. 
Другите дуели од оваа рунда се играат утре и задутре, додека МЗТ Скопје во 3.коло е домаќин на екипата на Задар на 9.октомври (понеделник).