Кошарка
6. November 2016 - 19:34

АБА: МЗТ Скопје славеше против Олимпија

Со серија од 15 -0 во последната четвртина кошаркарите на МЗТ Скопје ја совладаа Љубљанска Олимпија со 97-96 што е втора победа за нашиот шампион во АБА лигата. 
Беше тоа возбудлив и драматичен меч во кој металците ги наплатија сите пехови што ги имаа на последните неколку меча кои ги загубија во самиот финиш. Словенечкиот тим влезе со предност од 9 поени во последната четвртина но за само 5 минути фуриозна игра МЗТ направи пресврт и се радуваше на победа од 97-96.
Кларк со 22 поени беше најефикасен поединец во тимот на МЗТ Скопје, Тејмс постигна 19, Скот реализираше 18, новото засилување Диабате постигна 13.