Кошарка
27. December 2018 - 11:45

АБА: „Металците“ поразени во Чачак

MЗТ Скопје го загуби последниот меч во 2018 година, откако на гостувањето во Чачак, Србија загуби со 79:74 (23:19, 17:23, 24:19, 15:13) во меч од втората АБА-лига.

По двете гостински победи ова е негоден пораз за „металците“, кои имаа предност на полувреме, која се „стопи“ на почетокот на второто.

Хрватот Иве Иванов беше најефикасен за МТ со 16 поени, Бојиќ додаде десет, а Стојановски осум поени.

МЗТ останува на второто место во АБА втората лига со 9-4 скор зад недостижните Приморска (11-1), додека Борац се на седмото место (6-7).