Кошарка
8. February 2017 - 13:50

АБА: Мајсторија на Клоф за потег на колото

Посетителите на официјалната интернет страница на регионалната кошаркарска АБА лига, со своите гласови го избраа најдобриот потег во изминатиот месец.
 
Според фановите, потегот на месецот е во режија на Холанѓанецот од редовите на МЗТ Скопје, Шарлон Клоф. Холанѓанецот имаше атрактивно забивање на натпреварот МЗТ-Мега Лекс (75-74).
 
Покрај Клоф на листата се наоѓаат Алфа Каба од Мега Лекс, Маркус Вилијамс од Будуќност и Џон Болден од ФМП.
https://