Кошарка
27. December 2015 - 18:47

АБА лига: Пресврт победа на Игокеа над Партизан

Кошаркарите на Игокеа направија подвиг откако со пресврт стигнаа до триумф над Партизан со 73:66 во натпреварот од 17.коло од АБА лигата. Партизан беше подобар во првиот дел, но во второто полувреме гостите го направија пресвртот.

Резултат по четвртини: 22:11; 12:17; 14:22 и 18:23.
Најефикасен на дуелот беше Вук Радивојевиќ со 26 поени, а имаше 7 скокови и 6 асистенции.

На првиот натпревар одигран попладнево: Тајфун – Црвена Звезда 63:73.

Резултати на првите два дуела од 17.коло во АБА лигата одиграни вчера: Металац – Сутјеска 84:78 и Цедевита – Крка 70:60.

Двојките за утре се: МЗТ Скопје – Мега и Задар – Будуќност, додека во среда (30.декември) играат Олимпија – Цибона.

Табела: Будуќност 14-2 (победи-порази), Цедевита 14-3, Црвена звезда 13-4, Мега Лекс 10-6, Крка 8-9, МЗТ Скопје 7-9, Задар 7-9, Тајфун 7-10, Металац 7-10, Унион Олимпија 6-10, Партизан 6-11, Игокеа 6-11, Цибона 6-10, Сутјеска 5-12.