-->
-->
АБА лига: Пораз за МЗТ Скопје од Цедевита
-->
Ниту во четвртиот обид оваа сезона македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром не успеа да стигне до позитивен резултат во натпреварите со Цедевита.
Хрватскиот тим по двата триумфа во Еврокупот, вечерва во СЦ „Јане Сандански“ по втор ги совлада „сино-белите“ во рамките на АБА лигата. Конечниот резултат 100:79 е одраз на подобрата игра на загрепчани во втората четвртина која ја решија во своја полза со 31:15.
Џош Скот со 23 и Ксавиер Темс со 18 поени беа најефикасни во домашната екипа.
По овој пораз МЗТ остана на дното со само четири победи и 12 загубени натпревари, додека Цедевита со 11 победи ги зголеми шансите за пласман меѓу четирите најдобри.
Резултати на досега завршените средби од 16.коло во регионалната АБА лига:
Карпош Соколи – Морнар 75:63,
Будуќност – Мега Лекс 88:80,
Цибона – Партизан 77:82 и
МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита 79:100.
Црвена звезда – Задар 113:65
Олимпија – Игокеа во тек.
ФМП – Крка играат утре.
Табела: Црвена звезда 16-0 (победи-порази), Партизан 13-3, Цедевита 11-5, Будуќност 11-5, Цибона 10-6, Игокеа 8-7, Олимпија 7-8, Морнар 5-11, Мега Лекс 5-11, Карпош Соколи 5-11, Задар 6-10, Крка 5-10, ФМП 4-11 и МЗТ Скопје Аеродром 4-12.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина