Кошарка
3. January 2016 - 8:15

АБА лига: Нова победа за Будуќност, МЗТ Скопје гостува кај Игокеа

Екипата на Будуќност постигна нова победа во рамките на АБА лигата и со тоа остана на првата позиција. Синоќа на домашен терен беше совладана екипата на Тајфун со 81:61.

На другите два дуела од 18.коло:
Крка - Олимпија 55:59, Мега - Задар 87:61.
Својот натпревар од оваа рунда денеска од 17 часот го игра и македонскиот првак МЗТ Скопје, кој гостува во Лакташи кај екипата на Игоека. Покрај овој дуел од 19 часот играат Цибона - Металац.
Во понеделник двојките се: Црвена Звезда - Цедевита и Сутјеска - Партизан.