Кошарка
9. November 2015 - 12:06

АБА лига: МЗТ Скопје ја пречекува Ц.Звезда

Во последниот натпревар од 9.коло на регионалната кошаркарска АБА лига, македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ја пречекува Црвена звезда.
 
- Ни доаѓа евролигашка екипа која е предводена од одличен тренер. Не треба премногу да се зборува за квалитетот кој го поседуваат. Ние ќе играме без притисок и ќе пробаме да се прикажеме во многу подобро светло, отколку што тоа беше случај на минатата средба во Ново Место против Крка. Мораме да одиграме исклучително квалитетно во одбраната, да им парираме на гостите во скок играта. Сакаме да направиме што помалку грешки кои до сега навистина скапо не чинеа. Очекувам тежок натпревар, меѓутоа играме на домашен терен и ќе дадеме се од себе за добар меч и добар резултат, изјави тренерот на македонскиот шампион Алеш Пипан.
Во ланската сезона Ц.Звезда славеше тесна победа во Скопје 79:76, а претходната сезона МЗТ Скопје победи со 65:58.
 
Дуелот во СЦ „Јане Сандански“ почнува во 18 часот.
 
На другите средби од оваа рунда:
Металац – Задар 71:67,
Игокеа – Крка 54:65,
Сутјеска – Цибона 68:80,
Партизан – Будуќност 86:77,
Тајфун – Олимпија 73:59 и 
Цедевита – Мега Лекс 78:68.
 
На табелата води Будуќност со 16 бодови, пред Цедевита и Мега кои имаат по 15.