-->
-->
АБА лига: МЗТ Скопје домаќин на Морнар
-->
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром попладнево во СЦ „Јане Сандански“ (почеток 17 часот) го игра дуелот од 11.коло од АБА лигата. „Металците“ под водство на новиот тренер Жељко Лукајиќ ќе се обидат да стигнат до третата победа во ова натпреварување.
Нивни ривал денеска им е екипата на Морнар, која се наоѓа на 11.место или веднаш пред МЗТ Скопје кој е последен. Во меѓусебните дуели на овие два тима билансот е 2-0 за Морнар, кој во ланската сезона победи во двата дуела, а во Скопје славеше со 69:63.
На денешниот дуел на трибините е најавено враќање и на навивачката група „Фемили“, а дел од навивачите беа присутни и на еден дел од вчерашниот тренинг на тимот.
Во АБА лигата на чело на табелата се наоѓа Будуќност со 10 победи и еден пораз, а следуваат Цедевита (8-3) и Црвена Звезда (8-2)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност