Кошарка
4. October 2015 - 9:49

АБА лига: МЗТ Скопје домаќин на Металац

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва со почеток во 19 часот го игра натпреварот од 2.коло од АБА лигата. Во Скопје гостува екипата на Металац, која во првиот натпревар го победи Партзаин. 

МЗТ Скопје сезоната ја почна со пораз на гостувањето кај Олимпија.
Инаку, вчера се одиграа два натпревара од 2.коло: Црвена Звезда - Будуќност 83:62 и Крка - Задар 77:66.
Денеска играат:Мега - Партизан, Цибона - Тајфун, Сутјеска - Цедевита и МЗТ Скопје - Металац.
Последниот натпревар од 2.коло меѓу Игокеа и Олимпија се игра утре.