Кошарка
17. December 2016 - 19:41

АБА лига: МЗТ Скопје А. – Црвена Звезда

Убедлива победа за Црвена Звезда против МЗТ Скопје Аеродром

Скопје, 17.декември 2016 (МИА) – Актуелниот АБА шампион и евролигаш Црвена Звезда остварија убедлива победа на гостувањето во Скопје против МЗТ Скопје со 93:73.

Резултат по четвртини: 16:21; 19:22; 15:30 и 23:30.

На почетокот на дуелот двете екипи се менуваа во водство, а по предноста на полувремето со 43:35 гостите од Белград во вториот дел ги казнуваа речиси сите грешки на домашниот тим и брзо создадоа двоцифрена предност. По 30 минути игра беше 73:48 за Црвена Звезда. До крајот на дуелот МЗТ Скопје успеа само да ја намали предност на ривалот.

Најефикасен на дуелот беше Џош Скот од МЗТ Скопје со 21 поен, додека кај победникот најпрецизен беше Немања Дангубиќ со 16.

Утре свој настап ќе има и вториот македонски претставник Карпош Соколи, кој е домаќин на Крка, а почетокот на дуелот е во 12 часот. Натпреварот се игра во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“.