Кошарка
9. November 2015 - 19:57

АБА лига: МЗТ Скопје Аеродром поразен од шампионот Црвена Звезда

Кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаја да постигна нова победа на домашен терен откако вечерва загубија во СЦ „Јане Сандански“ од шампионот на АБА лигата Црвена Звезда со 66:71 (20:20; 09:20; 16:14, 21:17). Ова за Металците беше петти пораз сезонава, додека Црвена Звезда со триумфот има вкупно седум победи и изби на првото место на табелата со ист биланс како и Будуќност 7-2 (победи - порази).

Првиот период заврши нерешено 20:20, а решавачката предност гостите ја направија во вториот период, кој заврши со 20:9 за „црвено-белите“. Во 25.минута гостите водеа и со +15 (50:35), која македонскиот првак МЗТ Скопје успеа само да ја преполови.
Најефикасни на дуелот беа: Дреновац кај МЗТ Скопје Аеродром со 19 поени и Јовиќ кај Црвена Звезда со 17 поени.
Во следното коло МЗТ Скопје гостува кај Будуќност во Подгорица.