Кошарка
13. December 2018 - 19:05

AБА лига: МЗТ победи во Сараево

Македонскиот претставник во втората АБА лига,  МЗТ СКопје оствари драгоцена победа на гостувањето во Сараево со што се искачи на второто место  по 11 одиграни кола.  

           Металците одиграа борбен дуел против домашниот Спарс и на крајот заслужено славеа со 75-71  што е нивна  осма победа во   регионалното натпреварување.

          Од самиот почеток на мечот МЗТ оствари водство кое знаеше да го одржува а во еден момент  и да стигна до предност од 9 поени.  Сепак во финишот  нашиот претставник дозволи драматична завршница откако  противникот се приближи на само три поени а подоцна и  на само еден поен.  Сепак во тимот од Скопје  блескаше Вудард  кој заедно со Медфорд кој ги реализираше  решавачките слободни фрлања  го однесе МЗТ до значајната победа.

          Вудард беше најефикасен со 24 поени а одлична партија одигра Иванов со 19 поени.

          МЗТ на овој меч настапи без Соколов , Младеновски и Симоновски.  Следниот меч Металците го играат  против Хелиос Санс во гости , следната среда.