Кошарка
5. January 2016 - 9:13

АБА лига: Дреновац повторно во ТОП 5 на колото

Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродорм Ѓорѓе Дреновац по третпат успева да избори место во ТОП 5 на колото на АБА лигата. Во рамките на 18.коло тој со својот учинок и освоените 27 индекс поени се најде на 4.место.

Пред него се наоѓаат:
1.Немања Врањеш (Сутјеска) 42
2.Луваву Тимоте (Мега) 38
3. Анте Жижиќ (Цибона) 36.
На 5.место е Џејкоб Пулен од Цедевита со 26.
Дреновац досега во ТОП 5 беше во 2.коло и 9.коло.
Тој со 27 поени е на делба на 2-3.место со Врањеш од Сутјеска, додека Данило Мијатовиќ со процент на шут 71,4 % се наоѓа на петтото место во таа статистичка категорија.