Кошарка
6. October 2015 - 10:36

АБА лига: Дреновац од МЗТ Скопје втор играч на колото

Играчот на МЗТ Скопје Аеродром Ѓорѓе Дреновац со учинокот на дуелот со Металац и со индексот на поени 28 се најде во ТОП 5 играчите на 2.коло. Тој го зазема второто место зад Миро Билан од Цедевита, кој имаше индекс поени 33.
 
Од третото до петтото место се најдоа: Немања Врањеш (Сутјеска) 26, Маик Цирбес (Црвена Звезда) 24, Тимоте Луваву-Кабаро (Мега Лекс) 24.
 
Дреновац на дуелот со Металац постигна 17 поени за 28 минути и притоа имаше шут 6 од 8 од игра (6/6 за два поена); 5 од 5 од линијата за слободни фрлања и 8 скокови.