Кошарка
20. October 2015 - 8:33

АБА - лига: Дамјан Стојановски во ТОП 5 на колото

Играчот на МЗТ Скопје Аеродром Дамјан Стојановски со одличиот настап во Никшиќ се избори да биде во ТОП 5 играчите на колото на АБА лигата според учинокот. Тој за 32 минути имаше 15 поени, 8 скокови и по две асистенции и украдени топки. Собра вкупно 24 индекс поени што беше доволно за 3.место, бидејќи Иве Иванов (Крка) и Никола Ивановиќ (Мега) имаа по 27.

Од играчите на МЗТ Скопје во ова коло според статистичките категории Данило Мијатовиќ имаше најдобар шут од игра - 77, 8% (5/7 за два поена и 2/2 за три поени), додека Марко Љубичиќ со 6 асистенции се најде на 5.место.