Кошарка
2. October 2015 - 9:01

АБА лига: Црвена Звезда почна со победа

Кошаркарите на Црвена Звезда одбраната на титулата во АБА лигата ја почнаа со победа откако синоќа во првото коло на домашен терен ја совладаа екипата на Мега Лекс со 76:70. Најефикасен на дуелот беше Цирбес со 19 поени, додека за екипата на Мега Лекс македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски постигна 6 поени со 6 скокови.
На другите дуели одиграни вчера од првото коло беа постигнати следниве резултати:
Унион Олимпија – МЗТ Скопје Аеродром 91:76,
Задар – Цибона 62:53 и
Будуќност – Крка 81:65.
 
Денеска се играат натпреварите:
Тајфун – Сутјеска,
Цедевита – Игокеа и
Металац – Партизан.