Кошарка
13. February 2017 - 12:28

AБА: Фантастичниот Скот МВП на колото

Центарот на МЗТ Скопје, Џош Скот е најкорисниот играч во 22.коло, во регионалната АБА лига.
 
МЗТ, во неделата, забележа значајна победа над Крка 89:65, а предводник на тимот беше Скот со 24 поени, 13 скокови, една асистенција и две блокади. Американецот до МВП наградата стигна со валоризација 34, за 35 минати на теренот.
 
Скот зад себе ги остави Давидовац од ФМП (32 индексни поени) и сонародникот Рејнолдс од Будуќност (индекс 25).
 
Центарот на МЗТ во ова коло оствари најмногу скокови (13), најмногу поени постигнаа Волкер од Морнар и Давидивац од ФМП по 28, Ребиќ од Мега Лекс подели 10 асистенции, а Влаовиќ од Задар и кари од Крка имаа по четири украдени топки. 
https://