Кошарка
26. December 2016 - 8:08

АБА: Ц.Звезда продолжува да реди победи

Кошаркарите на Црвена Звезда ја продолжија победничката серија откако синоќа на гостувањето во Загреб ја победија Цедевита со 95:91 во натпревар од 15.коло од АБА лигата. „Црвено-белите“ имаат максимални 15 победи.

Домаќинот Цедевита ја доби првата четвртина со 22:13, а во останиот дел гостите беа подобриот ривал и откако во вториот период направија пресврт водството го одржуваа до крајот на дуелот. Најефикасен на дуелот беше Џамар Ботрајт со 31 поен, а кај Црвена Звезда најпрецизен беше Марко Симоновиќ со 27 поени.

Од оваа рунда се одиграа вкупно четири натпревари:

Игокеа – Карпош Соколи 79:71,

Партизан – МЗТ Скопје А. 91:76,

Мега – ФМП 76:72 и

Цедевита – Црвена Звезда  91:95. 

Вечерва играат: Задар – Будуќност. Крка – Олимпија и Морнар – Цинона играат утре.

Табела: Црвена Звезда 15-0 (победи-порази), Партизан 12-3, Цедевита 10-5, Цибона 10-4, Будуќност 10-4, Игокеа 8-7, Олимпија 6-8, Мега 5-10, ФМП 4-11, Карпош Соколи 4-11, Задар 5-9, МЗТ Скопје Аеродром 4-11, Крка 5-9, Морнар 4-10.