Кошарка
17. December 2016 - 22:24

АБА: Ц.Звезда пресилна за МЗТ Скопје

Актуелниот АБА шампион и евролигаш Црвена Звезда попладнево оствари убедлива победа на гостувањето во Скопје против МЗТ Скопје Аеродром со 93:73. 
Резултат по четвртини: 16:21; 19:22; 15:30 и 23:30.
На почетокот на дуелот двете екипи се менуваа во водство. По предноста на полувремето од 43:35 гостите од Белград во вториот дел ги казнуваа речиси сите грешки на домашниот тим и брзо создадоа двоцифрена разлика. По триесет минути игра беше 73:48 за Црвена Звезда. До крајот на дуелот МЗТ Скопје успеа само да ја намали предност на ривалот.
Најефикасен на дуелот беше Џош Скот од МЗТ Скопје со 21 поен, додека кај победникот најпрецизен беше Немања Дангубиќ со 16.
На првиот дуел од оваа рунда одигра вчера: ФМП – Задар 94:77.
 
Утре свој настап ќе има и вториот македонски претставник Карпош Соколи. Во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“ гостува Крка, а почетокот на дуелот е во 12 часот. Во ова коло утре играат уште: Партизан – Морнар, Олимпија – Мега, Будуќност – Цедевита и Цибона – Мега.
 
Табела: Црвена Звезда 14-0 (победи-порази), Партизан 10-3, Будуќност 10-3, Цедевита 9-4, Цибона 9-4, Игокеа 7-6, Задар 5-9, Олимпија 5-8, ФМП 4-10, МЗТ Скопје 4-10, Крка 5-8, Морна 4-9, Мега 4-9, Карпош Соколи 3-10.    
 
Time for a break.