Кошарка
8. November 2016 - 8:42

АБА: Ц.Звезда поуспешна во дербито од Партизан

Екипата на Црвена ѕвезда продолжува со победите во регионалното кошаркарско натпреварување АБА лигата. Актуелниот шампион до осмиот триумф дојде синоќа во дербито со градскиот ривал Партизан. Конечниот резултат е 83:72 (20:23, 28:16, 22:14 и 13:19).
 
„Црвено-белите“ заедно со тимот на Будуќност од Подгорица останаа двете екипи кои досега немаат пораз во АБА конкуренцијата.
Затоа пак, македонскиот претставник Карпош Соколи кој синоќа беше поразен од ФМП е единствената екипа која досега се нема израдувано на победа.
 
Резултати од 8.коло во АБА лигата: 
Задар – Игокеа 83:90, 
Будуќност – Цибона 95:79, 
Мега Лекс – Крка 95:96, 
МЗТ Скопје Аеродром - Олимпија  97:96,  
Цедевита – Морнар 99:73, 
ФМП - Карпош Соколи 67:62 и 
Црвена ѕвезда – Партизан 83:72. 
 
Табела: Црвена ѕвезда 8-0 (победи-порази), Будуќност 8-0, Цибона 6-2, Партизан 6-2, Цедевита 5-3, Игокеа 4-4, ФМП 3-5, Крка 4-3, Задар 3-5, Морнар 2-6, Мега Лекс 2-6, МЗТ Скопје Аеродром 2-6,  Олимпија 2-5 и Карпош Соколи 0-8.