-->
-->
АБА 2: Победа на МЗТ во Сараево
-->
Извонредно второ полувреме на македонскиот претставник во втората АБА лига, МЗТ Скопје што му донесе победа на гостувањето во Сараево кај екипата на Спарс од 77-65.
Ова е втор триумф на „штрковите“ кои дозволија домаќинот да направи предност по првата четвртина од 20-16 но во продолжението кошаркарите на МЗТ направија пресврт и во вториот дел дојдоа и до позитива од 13 поени што им донесе важна победа.
Хиндс беше клучен играч со 23 поени заедно со Стојановски кој постигна 12 додека Омот запиша 10 поени. Следниот меч „металците “ го играат во Скопје против словенечкиот тим Рогашка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид