ААВМУ подготвува нова стратегија за аудиовизуелната медиумска област
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска почна активности за изработка на нова стратегија за аудиовизуелната медиумска област за периодот 2018-2022 година.
Директорот на ААВМУ Зоран Трајчевски очекува да биде изработена амбициозна и квалитетна стратегија којашто ќе придонесе до 2022 година голем број од аспектите во областа на медиумите да бидат значително подобрени.
- Целта на стратегијата е да се мапираат тековните состојби во коишто се наоѓа аудио и аудиовизуелната дејност, да се утврдат насоките за нивен развој во следните пет години, како и конкретни активности за остварување на овие цели. Се планира да биде резултат на широк консултациски процес со сите чинители во дејноста за да ги опфати и адресира сите клучни прашања на засегнатите страни во медумската дејност, рече Трајчевски на состанокот во Агенцијата
Агенцијата смета дека стратегијата треба да се насочи кон шест области: професионална и уредувачка независност на медиумите, заштита и развој на медиумскиот плурализам, заштита на човековите права во медиумските содржини, регулаторна рамка за развој на медиумите, обезбедување услови за раст и развојот на пазарот и конкуренцијата, како и развој на медиумската писменост. Кај регулаторната рамка ААВМУ цени дека е потребно да се утврдат потребите за измена на медумската регулатива и насоки за евентуални измени, како и да се направи ревизија за изборно медиумско претставување.
Приоритетни, според Агенцијата, ќе бидат областите што ќе се утврдат во заеднички консултативен процес со сите релевантни чинители. До крајот на мај може да се достават предлози преку веб страницата на Агенцијата www.avmu.mk на банерот strategija2018-2022 каде ќе се објавуваат сите важни документи за консултацискиот процес. Откако ќе бидат утвдени предметот и опфатот на стратегијата се планира да се формираат работни подгрупи, како и да се одржат јавни состаноци.
Крајниот рок за стратегијата, според Трајчевски, многу зависи од тоа кога ќе бидат одржани локалните избори. Најрано, како што рече, би била готова до крајот на годинава, а најдоцна до крајот на првиот квартал догодина, но се зависи од тоа кога ќе бидат одржани локалните избори.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија
-
Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година
-
Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер
-
Нови правила на „Евровизија“
-
Како се постигнува автентична харизма?
-
АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
-
Историјатот на носењето брачен прстен