Македонија
31. December 2022 - 13:23

АА: Новата 2023 година да биде помирна, да живееме во мир и хармонија

2022 година беше година на предизвици како за нас, така и за сите граѓани во земјата и во целиот свет. Сите заедно поминавме низ многу тешки моменти, од некои излеговме посилни, а од други научивме многу лекции и се здобивме со нови искуства.

Посакуваме Новата 2023 година да биде помирна, да живееме во мир и хармонија, да имаме здравје и да броиме успеси!

Алијанса за Албанците останува посветена на градење на подобра иднина, не оставајќи го ова само на ниво на желби.

Среќна Нова 2023 година!

Алијанса за Албанците